Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Пуерто Мадеро, во јужен Мексико, во недела, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).
Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека се можни „опасни цунами бранови“ по должината на бреговите во радиус од 300 километри од епицентарот. Предупредувањето се однесува на деловите од Тихиот Океан најблиску до земјотресот.
Епицентарот е регистриран во близина на Пуерто Мадеро, големо пацифичко пристаниште и рибарски град, на околу 13 километри од границата со Гватемала. USGS првично ја објави јачината на земјотресот на 7,4, но подоцна ја ревидираше проценката на 7,3. Земјотресот се случил на длабочина од само 10 километри.
Земјотресите со оваа јачина често доведуваат до катастрофални последици
Плитките земјотреси обично предизвикуваат посилно тресење на земјата и можат да предизвикаат поголема штета. Земјотресите со оваа јачина често предизвикуваат катастрофални последици, како што се лизгања на земјиштето.
Гувернерот на јужната мексиканска држава Оахака, Саломон Хара, рече дека земјотресот бил почувствуван во главниот град со умерен интензитет. Според првичните информации, нема пријавени повредени или поголема материјална штета, објави Јара на социјалните мрежи.












