Иран ги обвини САД дека таргетирале цивилна инфраструктура во својот последен бран воздушни напади по пропаѓањето на мировните преговори. Би-би-си го потврди нападот врз мост во иранската покраина Хормозган.
Државните медиуми и покраинските власти соопштија дека биле погодени мостови, железничка станица и аеродром, објави Би-би-си.
Централната команда на САД (CENTCOM) не објави список на цели, соопшти, но рече дека нападите имале за цел „понатамошно ослабување на воените капацитети на Иран“.
Би-би-си објави дека американскиот претседател Доналд Трамп се заканил дека ќе ги таргетира иранските мостови и електрани со цел да го принуди Техеран да се врати на разговорите за завршување на војната што започна на 28 февруари со американски и израелски напади, по што Иран возврати со напади врз Израел, американски цели и американски сојузници во Персискиот Залив.
Иранските државни медиуми и локалните власти соопштија дека аеродромот Ираншахр на југоистокот на земјата, железничката станица и шест моста во покраината Хормозган биле погодени во четврток вечерта.
Би-Би-Си ја потврди автентичноста на снимките што ја покажуваат штетата на мостот Гаривех, откако во текот на ноќта се појавија видеа на кои се гледа огнена топка над мостот.
Дневните снимки покажуваат урнат дел од патот и остатоци околу оштетениот мост.
Кога Би-Би-Си го праша за коментар, ЦЕНТКОМ рече дека нема што да додаде на својата претходна изјава.
Откако Трамп во април изјави дека САД ќе бомбардираат цивилна инфраструктура во Иран, вклучувајќи мостови и електрани, високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, предупреди дека „намерното таргетирање на цивили и цивилна инфраструктура е воено злосторство“.
Како што ескалира конфликтот, Ормутскиот теснец – клучен воден пат покрај брегот на Иран што Техеран ефикасно го блокираше за време на војната – останува затворен. САД и Иран постигнаа договор за прекин на огнот во јуни за да се овозможи продолжување на разговорите за завршување на војната. Прекинот на огнот во голема мера се одржува, иако Иран напаѓаше танкери за нафта за да ги принуди да побараат дозвола од Техеран да поминат низ Ормутскиот теснец, што предизвика американски напади врз Иран.












