сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Зеленски предупредува за нов масовен руски напад, Украина е во готовност

Зеленски предупредува за нов масовен руски напад, Украина е во готовност

334
Фото: EPA/Christine Olsson SWEDEN OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави, повикувајќи се на разузнавачки информации, дека вечерва може да се случи уште еден масовен руски напад, а во Киев и неколку украински региони е прогласена воздушна тревога.

„Од разузнавачките информации знаеме дека вечерва може да се случи масовен удар. Ве молиме обрнете внимание на тревогата“, рече Зеленски во обраќањето до граѓаните на Украина, пренесува „Укринформ“.

Зеленски изрази благодарност до сојузничките лидери кои работат на санкциите против Русија, како и до оние кои го осудија синоќешниот руски напад врз Украина.

„Сите партнери заедно, сите во Европа мора да продолжат да работат за да се осигурат дека имаме ракети за нашата воздушна одбрана, дека ги имаме потребните системи и витално разузнавање и други работи што помагаат да се спасат човечки животи“, нагласи украинскиот претседател.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека повеќе од 500 припадници на Државната служба за вонредни состојби биле вклучени во борбата против последиците од рускиот напад извршен преку ноќ врз украинските градови и заедници.

„Главниот удар беше врз Киев, каде што повторно беа оштетени десетици станбени згради и друга чисто цивилна инфраструктура. За жал, четири лица беа пријавени за мртви. Мое сочувство до сите нивни семејства и најблиски“, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа „Икс“.

Тој рече дека 38 лица во моментов се во болници во украинскиот главен град и сите тие ја добиваат потребната нега.

„Во Днепар е во тек операција за пребарување и спасување на местото на четирикатна станбена зграда. Дел од зградата практично се урна. Во овој напад загинаа девет лица, вклучувајќи едно дете. Триесет и пет лица беа повредени во градот“, додаде украинскиот претседател.

Зеленски, исто така, рече дека судбината на уште шест лица останува непозната и дека потрагата по нив ќе продолжи сè додека е потребно.

„Русите, исто така, нападнаа енергетски објекти во Харковскиот регион и критична инфраструктура во Харков. Нападнати беа и Киев, Николаев, Запорожје, Полтава, Суми, Чернигов и Хмелницки региони“, рече тој, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ