Вечерва, 2 јуни, со почеток во 20 часот и 30 минути, на сцената на Македонскиот народен театар се одржа оргиналниот македонски мјузикл „Као какао“, , кој го режираше Дејан Пројковски, а за кој текстот го напиша Венко Андоновски.
Публиката не остана рамнодушна пред избраните композиции вклучени во претставата, кои добиваат нов живот преку аранжманите кои специјално за оваа продукција ги направи Бобан Мирковски.
На сцената публиката можеше да ги види Катерина Јовановиќ, Владимир Петровиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јордан Симонов, Рубенс Муратовски, Тања Кочовска, Нина Елзесер, Ања Митиќ, Григор Јовановски, Стефан Спасов, Антонио Ташковски, Наталија Теодосиева, Денис Абдула, Јована Спасиќ, Димитар Паскоски, Илин Јовановски, Тодор Стојковски, Бранко Михајловски, Ѓорге Нешковиќ, Анастасија Трајковска, Јована Миладинова, Анастасија Митровска и Леонида Гулевска, за чија кореографијата беше задолжена Олга Панго, на која ѝ асистираше беше Ирена Лозинска.




Инспириран од музиката на Влатко Стефановски, автор чиј звук со децении е дел од музичката меморија на публиката, мјузиклот беше доволен повод на сцената на МНТ да се собере кремот од културната и политичката сцена уживајќи во претстава што долго ќе одекнува во сеќавањето на присустните, во вљубениците во музиката на Влатко Стефановски, во старото Скопје и неговиот секогаш жив дух.
Фото: Ѕ. Плавевски

















