Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да прифати признавање на украинска територија како руска и оцени дека континуираната силна поддршка од САД и европските земји ќе биде клучна за да се убеди рускиот претседател Владимир Путин да започне преговори за ставање крај на војната.
Во интервју за британскиот новинар Пирс Морган, Зеленски упати критики за одредени потези на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија – вклучително и договорот за испорака на дизел и случувањата по најавата за енергетско примирје – истакнувајќи дека Москва продолжила со нападите врз украинската енергетска инфраструктура и покрај очекувањата за деескалација на ситуацијата.
Тој оцени дека притисокот врз Русија бил недоволен и дека Москва во меѓувреме научила како да ги заобиколува санкциите и да продолжи со нападите врз украинската енергетска инфраструктура, дури и во текот на зимата.












