Компанијата „Гугл“ често ја нагласува важноста на безбедноста во екосистемот на „Андроид“ (Android) и неодамна ги заостри правилата за инсталирање апликации надвор од „Плеј стор“ (Play Store). Сепак, овој случај покажува дека дури и официјалната продавница не е имуна на измами.
Според објава на Редит“ (Reddit), лажната апликација била наведена под името „Гугл хром“, а како нејзин креатор бил наведен развивачот „Hizbartech“. Благодарение на платеното рекламирање, апликацијата дури се појавувала и над вистинскиот прелистувач „Хром“ во резултатите од пребарувањето.
Особено е интересно тоа што апликацијата првично воопшто не била претставена како прелистувач. Таа се појавила на „Плеј стор“ на 22 август под името „Ball Bounce“, за на 30 септември да го промени името и иконата и да почне да се претставува како „Гугл хром““.
Според коментарите на корисниците на „Редит“, таа не била ниту игра, ниту веб-прелистувач, туку едноставна апликација за четување со однапред напишани одговори. И покрај тоа, таа успеала да привлече над 100.000 преземања пред да биде отстранета од продавницата.
Ситуацијата е особено иронична со оглед на тоа што, на 18 август, Google најави нов, напреден процес за инсталирање апликации надвор од официјалната продавница. Сепак, само неколку дена подоцна, потенцијално измамничка апликација се појавила токму на „Гугл преј стор“.












