Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли можноста да оди во Москва на мировни преговори, шегувајќи се на истите дронови што украинските сили ги испраќаат кон руската престолнина во последните месеци, објави „Франс 24“.
Москва неодамна изјави дека Зеленски може да оди во Москва ако сака да разговара со Путин.
Разговорот меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп беше снимен за време на денешната билатерална средба меѓу двајцата лидери на маргините на самитот на НАТО во Анкара.
Зборувајќи за сопствените разговори со рускиот претседател Владимир Путин за можен самит, Трамп рече дека го покренал прашањето за местото на средбата и добил одговор дека Москва би била пожелна локација.
Трамп веднаш ја отфрли можноста.
„Реков: нема да се сретнете во Москва. Не“, рече Трамп, опишувајќи го својот разговор, објави United 24 Media.
Потоа го праша Зеленски:
„Дали би оделе во Москва?“
„Тешко“, одговори Зеленски. „Таму има многу украински дронови. Опасно е.“
Трамп рече дека не е сигурен дали треба директно да се вклучи, велејќи дека не чувствува дека мора да се стави „во таа позиција“.
Тој додаде дека не е сигурен дека Кремљ ќе прифати таков состанок, велејќи само дека Путин „можеби“ ќе се согласи.
Дилатералниот разговор се случи во време кога Вашингтон се обидува да ги оживее застојаните дипломатски напори околу војната меѓу Русија и Украина, додека Трамп се претставува како можен посредник меѓу Киев и Москва. Зеленски, разговарајќи со сојузниците, повика на зајакнување на системите за воздушна одбрана додека Русија ги засилува нападите врз украинските градови.
Шегата на Зеленски се однесуваше на украинската кампања која во последните месеци сè повеќе го доведува рускиот главен град во дострел на украинските напади. Во средината на јуни, десетици украински дронови стигнаа до Москва и околината, а некои од нив ја погодија Московската рафинерија за нафта во областа Капотња, околу 15 километри југоисточно од Кремљ.












