среда, август 26, 2026
Дома СВЕТ Зеленски го одликуваше Елон Маск со Орден на слободата

Зеленски го одликуваше Елон Маск со Орден на слободата

0
EPA/Christine Olsson SWEDEN OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го одликува американскиот милијардер Илон Маск со Орден на слободата, според декрет објавен на официјалната веб-страница на украинскиот претседател.

Како што објави Укринформ, декретот предвидува доделување на наградата на Маск, кој ги предводи компаниите SpaceX и Tesla, „за извонредни лични заслуги во заштитата на животите и слободите на луѓето и развојот на односите меѓу народите на Украина и Соединетите Американски Држави“.

Во февруари оваа година, Маск изјави дека мерките преземени од SpaceX за спречување на руската неовластена употреба на системот Starlink, како што рече, „дале резултати“.

Наградата доаѓа во време кога Украина се обидува да ја прошири употребата на беспилотни летала опремени со Starlink против руските лансери за балистички ракети. Киев се надева дека технологијата би можела да помогне во нарушувањето на способноста на Русија да напаѓа украински градови.

Според Зеленски, поширокиот пристап до Starlink за Украина би можел да ги намали „самите можности на кои се потпира Русија за да ја продолжи војната“. Маск и натаму не сака да дозволи терминалите на Starlink да работат над руска територија. Лице запознаено со ситуацијата изјави за порталот Kyiv Independent дека Маск верува оти ова би претставувало „ескалација“ на војната.

Starlink овозможува брза комуникација помеѓу украинските борбени позиции и командните пунктови. Кога е распореден на беспилотни летала, системот може да обезбеди врска што е тешко да се попречи и не е ограничена од можностите на традиционалните радио антени.

Украинските сили сè повеќе користат беспилотни летала опремени со „Старлинк“ над територијата окупирана од Русија, особено на растојанија од 50 до 200 километри од фронтовската линија. Со овие беспилотни летала тие напаѓаат руски логистички рути во области каде што Киев ја интензивираше својата офанзивна кампања.

ИЗДВОЕНИ