петок, октомври 16, 2026
Дома СВЕТ Зеленски ги повика партнерите за поддршка: На Украина ѝ се потребни најмалку...

Зеленски ги повика партнерите за поддршка: На Украина ѝ се потребни најмалку 70 милијарди евра дополнителна помош следната година за да ја запреме Русија

22
Фото: EPA/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT

На Украина ќе ѝ бидат потребни најмалку 70 милијарди евра дополнителна помош следната година за одбрана, вооружување и зајакнување на отпорноста, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, напоменувајќи дека продолжувањето на војната ќе ја чини земјата 155 милијарди евра во претстојната година.

Во обраќањето до учесниците на состанокот на Европскиот совет, Зеленски ги повика европските партнери да најдат начин да ги обезбедат потребните средства.

„Ова е реална сума. Ве молам, најдете начин да ја обезбедите оваа поддршка. Тоа ќе ни помогне да ја запреме Русија“, рече Зеленски, според објава на платформата „Икс“.

Тој истакна дека, благодарение на беспилотните летала, украинските сили успеваат да го запрат поголемиот дел од руските напади долж линијата на фронтот, да ги нарушат руските линии за снабдување и да придонесат за слабеење на руската економија.

Според Зеленски, Украина би можела да произведе два до три пати повеќе беспилотни летала – во зависност од видот – но нема доволно финансиски средства за тоа.

„Само замислете кога би можеле да извршиме два или три пати поголем притисок врз Русија отколку што го правиме тоа денес“, рече Зеленски.

ИЗДВОЕНИ