
Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа информацијата дека трофејниот стручњак, Антонио Конте, важи за прв фаворит кога е менаџерската функција во редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед во прашање. Актуелниот предводник на „црвените ѓаволи“, Мајкл Карик, веќе стои на тенок мраз и прашање е на време кога ќе му биде покажана излезната врата од „Олд Трафорд“.











