вторник, јули 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Застој на автопатот Скопје-Тетово поради сообраќајна несреќа – сообраќајот се одвива со...

Застој на автопатот Скопје-Тетово поради сообраќајна несреќа – сообраќајот се одвива со големо задоцнување

21

Километарски колони од возила се формираа вечерва на автопатот Скопје-Тетово. Големиот застој е предизвикан од сообраќајна несреќа која се случила во непосредна близина на првата наплатна станица на излезот од Скопје, информира порталот „4news.mk“.

Поради немилиот настан, во моментов протокот на возила на оваа фреквентна делница е речиси целосно блокиран. На самото место кај патарината се создаде колона од автомобили која постојано се зголемува, додека надлежните служби работат на терен.

Како што пренесуваат медиумите од првичните информации од теренот, сообраќајот се одвива под исклучително тешки услови и со големо задоцнување.

„Според информациите, поради несреќата, за која засега нема повеќе детали, сообраќајот се одвива крајно отежнато, а на патарината е формирана голема колона од возила.“

ИЗДВОЕНИ