Заради пукната водоводна цевка во Влае, голем дел скопски населби останаа без вода

948

Поради сериозен дефект на водоводна цевка со пречник од 600 милиметри на улицата „Франце Прешерн“ 100Д во населбата Влае голем дел од гадот е со прекинато водоснабдување,  а останатот дел со намален притисок, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Граѓани јавуваат дека нема вода во населбите „Хром“, „Ѓорче Петро“, „Влае“, „Карпош“… додека жителите на „Центар“ и „Аеродром“ се соочуваат со значително е намален притисокот.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности, информираат од претпријатието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 info (@24info.mk)

ИЗДВОЕНИ