сабота, септември 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Започна исплатата на социјалната и детската заштита за август

Започна исплатата на социјалната и детската заштита за август

0

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.

„Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките“, соопшти министерството за социјална политика, демографија и млади.

ИЗДВОЕНИ