Борбен авион Ф-4 Фантом II на грчките воздухопловни сили се урна додека изведуваше маневар како дел од воздушна претстава.
Денес се случи тешка несреќа за време на програмата за летање во воздухопловната база Танагра. Моментално нема официјални информации за состојбата на двајцата пилоти кои биле во авионот.
Според достапните информации, тие не успеале да го активираат системот за автоматско исфрлање, додека надлежните служби трагаат по нив. Пожарникарите и екипите на брзата помош веднаш биле испратени на местото на несреќата.
Според грчките медиуми, овогодинешната Недела на летање во Атина 2026, која се смета за најголем аеромитинг во Југоисточна Европа, започнала порано во текот на денот пред илјадници гледачи. Појавувањето на авионите Фантом Ф-4 имало дополнителна симболика, со оглед на тоа што нивното учество било планирано да биде меѓу последните јавни појавувања на овие авиони пред нивното конечно повлекување од активна служба.











