понеделник, јули 6, 2026
Дома СКОПСКА За летниот распуст, градинките во Центар ќе згрижуваат ученици до 10 години

За летниот распуст, градинките во Центар ќе згрижуваат ученици до 10 години

85

Општина Центар и оваа година обезбедува летно згрижување за децата до 10-годишна возраст, со цел да им излезе во пресрет на семејствата што во текот на распустот имаат потреба од дополнителна поддршка, поради работни обврски.

Пријавувањето почна вчера, а родителите треба да достават документација согласно со критериумите наведени во правилникот.

– Станува збор за програма за дневно згрижување деца од прво до трето одделение, која ќе се реализира во повеќе клонови на градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“. Во рамките на програмата, децата ќе престојуваат во безбедна и стимулативна средина, каде што преку едукативни работилници, креативни активности и содржини соодветни на возраста, ќе бидат вклучени во квалитетно исполнет летен распуст – соопштија од Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека oваа мерка претставува значајна поддршка за семејствата во период кога не работат училиштата, а родителите имаат редовни работни обврски.

– Наш приоритет е децата да бидат згрижени во безбедна, квалитетна и исполнета средина во текот на летниот распуст – нагласи Герасимовски.

Општина Центар ги повикува заинтересираните родители навремено да аплицираат во градинките.

 

ИЗДВОЕНИ