По Скопје и Куманово, третиот голем и возбудлив настан „Денот на спортот“, кој е дел од Плазма спортските игри за млади, пристигнува во Штип. Една од најголемите аматерски спортски платформи во Европа, со традиција подолга од 30 години, првпат оваа година се одржува во Македонија.

„Денот на спортот“ ќе се одржи утре, 22 мај, со почеток во 10:30 часот, на градскиот стадион во Штип, каде што се очекуваат одлична атмосфера, многу енергија и детска радост.

Главната мисија на Спортските игри за млади е поттикнување здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здравите животни навики, негување на ферплејот, создавање искрени пријателства и градење вистински, трајни вредности.

Плазма спортските игри за млади уживаат силна и континуирана поддршка од бројни реномирани светски институции, меѓу кои УЕФА, ФИДЕ, ФИБА, Европската комисија, Европската Унија, како и многубројни спортски федерации и истакнати врвни спортисти.

Право на учество имаат сите деца и млади, не само оние што активно се занимаваат со спорт, што ја прави оваа манифестација отворена, инклузивна и достапна за сите. Игрите овозможуваат бесплатен пристап до спортот и со години испраќаат моќна и инспиративна порака: „Чекор за подобра иднина“.

Во рамките на Игрите се организираат натпревари во 10 атрактивни спортски дисциплини: Кока-кола куп – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на Денот на спортот, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.

Свеченото отворање на Плазма спортските игри за млади се одржа во Скопје, додека Куманово беше вториот успешен домаќин на овој голем спортски карван.

  • Со нетрпение очекуваме да дојдеме и заедно да испишеме нови, блескави спортски приказни, исполнети со насмевки, емоции и незаборавна атмосфера – порачаа организаторите.

ИЗДВОЕНИ