-Првото полетувалиште ќе опфаќа 1.018,21 квадратен метар, терен со висококвалитетна вештачка трева, како и дополнителни 993,79 квадратни метри површина насадена со природна трева околу теренот. Второто полетувалиште ќе биде со површина од 989,87 квадратни метри со вештачка трева и дополнителни 510,02 квадратни метри зелена површина со природна трева – истакна градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески.

Тој наведе дека оваа инвестиција ќе значи значително подобрување на инфраструктурата за параглајдерство во Крушево, создавање подобри услови за организирање меѓународни натпревари и спортски настани, како и двојно зголемување на капацитетот на Центарот за параглајдерство

 

Градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, објави дека почнува изградбата на двете нови полетувалишта за параглајдерство во Крушево, значаен инфраструктурен проект што ќе придонесе за уште посилен развој на спортскиот и авантуристички туризам и дополнително ќе ја зацврсти позицијата на Крушево како светски препознатлива дестинација за параглајдерство.

– Со проектот, Центарот за параглајдерство во Крушево ќе биде проширен со две современи полетувалишта. Првото полетувалиште ќе опфаќа 1.018,21 квадратен метар, терен со висококвалитетна вештачка трева, како и дополнителни 993,79 квадратни метри површина насадена со природна трева околу теренот. Второто полетувалиште ќе биде со површина од 989,87 квадартни метри со вештачка трева и дополнителни 510,02 квадратни метри зелена површина со природна трева – истакна Чонески.

Со тоа, вкупната површина на терените за полетување со вештачка трева ќе изнесува 2.008,08 квадратни метри, додека вкупната површина уредена со природна трева ќе достигне 1.503,81 квадратен метар.

Чонески наведе дека оваа инвестиција ќе значи значително подобрување на инфраструктурата за параглајдерство во Крушево, создавање подобри услови за организирање меѓународни натпревари и спортски настани, како и двојно зголемување на капацитетот на Центарот за параглајдерство.

– Истовремено, новите полетувалишта ќе придонесат за поголема безбедност на пилотите преку намалување на ризиците од нерамен и необработен терен и ќе овозможат безбедно полетување и на слободните параглајдеристи во текот на официјални натпревари – нагласи Чонески.

Според него, со уредувањето на над 1.500 квадратни метри зелени површини со природна трева, проектот претставува и значаен чекор за одржливо и современо уредување на просторот.

– Овие површини ќе обезбедат подобри услови за подготовка и распоредување на параглајдерската опрема, полесно и побезбедно движење на пилотите, намалување на можноста за оштетување на крилата и јажињата, како и подобра дренажа и намалување на калливите површини по врнежи – заклучи градоначалникот.

 

 

ИЗДВОЕНИ