петок, јули 17, 2026
Дома СКОПСКА За два дена поделени 1.000 шишиња вода

За два дена поделени 1.000 шишиња вода

26

Согласно со Акциониот план за превенција на штети од топлотен бран, Црвениот крст на Град Скопје оваа недела дејствува на терен со волонтерите  на Тимот за одговор при катастрофи.

Како што информираа од Црвениот крст, вчера и во текот на денешниот ден биле присутни четири тима, при што биле поделени над 1.000 шишиња вода на главните автобуски постојки во главниот град.

– Тимовите се присутни од 10:30 до 16:00 часот. Годинава, тие се потпомогнати од полициските службеници од Секторот за полициски работи од општа надлежност при Одделот за униформирана полиција – БЈБ. Досега тимовите немале никаква интервенција и асистенција и ќе бидат присутни низ градот сè додека временските услови го налагаат тоа – велат од Црвениот крст на Град Скопје.

Инаку, откако почна топлотниот бран, вкупно биле поделени 3.000 шишиња вода.

– Во текот на летниот период ќе бидат ангажирани пет тима, кои со возило ќе патролираат во централното градско подрачје – потенцираат од Црвениот крст на Град Скопје.   

(А. П.)  Фото: (П. С.)

 

ИЗДВОЕНИ