За да ги врати вложените средства во последниот проект, режисер ги нуди на аукција часовниците од личната колекција

69
President Joe Biden poses for a photo with 2024 Kennedy Center honorees Arturo Sandoval, Bonnie Raitt, Francis Ford Coppola, Michelle Ebanks of The Apollo Theater and Bobby Weir, Mickey Hart and Bill Kreutzmann of The Grateful Dead, Sunday, December 8, 2024, in the Oval Office. (Official White House Photo by Adam Schultz)

Филмскиот режисер Френсис Копола поради несупехот на филмот „Мегалопис“ одлучи да направи аукција.

Легендарниот режисер Френсис Копола одлучи на ауција да продаде уникатен часовник вреден милион долари. Оваа одлука доаѓа откако неговиот најнов филм, „Мегалополис“ од 2024 година не го оствари очекуваниот финансиски резултат, пренесува Vijesti me.

Во овој проект Копола вложи и сопствени средства, одлучен да го прикаже алтернативниот Њујорк, наречен „Нов Рим“, низ приказната за судирот меѓу архитект кој го толкува Адам Драјвер и корумпираниот градоналакник чија улога во фимот му е доделена на Џанкарло Еспозито.

Дејствието се фокусира на нивната борба околу визијата за иднината на градот,  но покрај импресивната продукција и амбициозниот концепт, филмт не постигна комерцијален успех кој се очекуваше од репутацијат на режисерот.

Така „Мегалополис“ заработи околу 14,4 милиони долари, додека неговиот буџет е проценет меѓу 120 и 136 милиони долари. Во настојувањето да надомести барем дел од вложените средства, Копола одлучи на акуција да понуди седум часовници.

Аукцијата ќе се одржи на 6 и 7 декември во познатата аукциска куќа „Филипс“ во Њујорк, а главниот експонат од таканаречната „Колекција на Копола“ е Ф.П. Журн ФЦЦ прототип. Часовникот е креиран во соработка со славниот часовничар Френсис-По Журн и има црна титаниумска стрелка, а околу проектот преговарале речиси десет години. Ф.П. Журн направи само три примероци од овој модел, а последниот е продаден на добротворна аукција за 4,5 милиони швајцарски франци во 2021 година.

Уште еден часовник што се истакнува во колекцијата е „Кронометер а ресонанс“) кој на Копола му го подари неговата покојна сопруга Елинор. Меѓу останатите часовници се понудени „Бланкпен“(15.000-30.000 долари) како и два часовници од марката „Патек Филип’.

Копола одлучи да ги продаде часовниците од марките “Брегф и ИВЦ кои немаат минимална цена, што значи дека нивната вредност ќе биде одредена само од понудите на аукцијата.

Ова не е прв пат Копола да го привлече вниманието на највноста со необични потези. Во февруари оваа година беше прогласен за најлош режисер на наградите „Раци“ за 2025 година, на што реагираше духовито на „Инстаграм“: „Со одушевување ја прифаќам наградата „Раци“ во толку важни категории за филмот „Мегалополис“, а единствената чест е што сум номиниран за најлош режисер, најлошо сценарио и најлош филм во време кога толку малку луѓе имаат храброст да се спротивстават на трендовите на современата кинематографија“.

ИЗДВОЕНИ