Волонтери, ученици од САД и ученици од ООУ „Гоце Делчев“ градат ново детско забавно игралиште во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче. Тие, преку заедничка работа, дружење и хуманост, испраќаат прекрасна порака за пријателство, солидарност и грижа за децата. Денеска нив ги посети градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.
Овој проект се реализира со донација од компанијата „LinkAcross“ од Вирџинија, САД, застапувана од Клеј Рендл Бутемер и со поддршка од Советот на родители при ООУ „Гоце Делчев“.
Исто така, во рамките на проектот „Насилство, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост“, поддржан од Министерството за образование и наука, ова училиште аплицираше и доби грант од 60.000 денари, како единствено училиште од Општина Аеродром.
– Со овие средства се набавуваат четири сета маси со клупи за училишните дворови – два за централното и два за подрачното училиште, а обновен е и книжниот фонд во училишната библиотека со 60 нови лектири. Веруваме дека секое дете заслужува безбедно, среќно и инспиративно место за растење, игра и дружење. Токму затоа продолжуваме да инвестираме во подобри услови за нашите ученици, затоа што вложувањето во децата е вложување во иднината на Аеродром – потенцираат од Општината.












