Станислас Вавтинка (41) затвори една голема страница од својата блескава кариера, откако беше елиминиран во првото коло на Ролан Гарос. Во својот 21. и последен настап на париската земјена подлога, швајцарскиот ас загуби од Холанѓанецот Хаспер де Јонг со 3-6, 6-3, 3-6, 4-6.
Шампионот од 2015 година не успеа уште еднаш да блесне на омилениот турнир, но доби емотивно збогување од публиката на „Филип Шатрие“. По последниот поен, организаторите му подарија парче од париската глина, а на видеобимот беа прикажани најголемите моменти од неговата кариера, како и пораки од неговите големи ривали – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер.
- Тешко е… не сакам да се збогувам тука. Ви благодарам за поддршката. Сакав да играм што е можно подолго за да доживувам вакви моменти, изјави видно емотивниот Вавринка.
Швајцарецот ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната, оставајќи зад себе богато наследство и 46 победи во главната ждрепка на Ролан Гарос.











