Што се крие зад балканските ТВ-бисери? За многу добар пример од „Никогаш не е доцна“ да ја посочам 97-годишната Македонка, Добрила Чабриќ-Ивановска, која сите ТВ-гледачи ги воодушеви со својот настап. Мене ме остави без зборови, а јас многу си ја засакав. Прекрасна личност полна со волја за живот
-Уживам во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“, тоа е мое дете, јас го измислив, вака вели водителот Жика Јакшиќ, кој сè уште не може да се помири со тоа дека неговиот пријател и колега Саша Поповиќ е починат. – Јас и Саша бевме едни од главните продуценти и менаџери на Гранд-продукција, а јас водечки човек кога почна музичкото балканско шоу „Ѕвездите на Гранд“, кое постои од 2003 година. Лепа Брена ни се приклучи подоцна. Соработката со Саша најпосле ја крунисав и со кумство. Покрај тоа заедно со син ми сум и претприемач. Ние двајцата имаме винарница и уживаме во вината. Најсреќен сум што не морам рано да станувам и што можам да поспијам до пладне, а тоа ми е доволно. Затоа сум секогаш одморен, расположен за емисијата и за муабетите со гостите. Живеев во странство многу години и таму видов такво шоу за постарите луѓе кои уште одлично се држат и кои добро пеат. Па, ете, за многу добар пример да ја посочам 97-годишната Македонка Добрила Чабриќ-Ивановска од „Никогаш не е доцна“, која сите ТВ-гледачи ги воодушеви со своите настапи. Мене ме остава без зборови, а јас многу си ја засакав. Прекрасна личност полна со волја за живот. Кога сето тоа во врска со шоуто го видов во Германија, решив и кај нас на ТВ да направам нешто ново, нешто такво на наш балкански начин. И успеав, вели Жика.
За „Ѕвездите на Гранд“ во кое многу македонски пејачи, дотогаш анонимни, си направија кариера и пари има посебно мислење:
– Мака ми е што од пејачите, кои се во жирито, направивме да бидат мегаѕвезди, не велам дека не се, но со своите надуени коментари честопати претеруваат. Јас сè што правам, тоа го правам со емоции. Откако Саша замина од овој свет, морам да кажам дека нешто ќе се менува во концепцијата на „Ѕвездите на Гранд“. Искрено, веќе помалку здосадува. Јас премногу се давам во работата, па затоа со екипата од наредната сезона ќе менуваме некои работи. Во секој случај, гледачите нема да бидат разочарани. И двете шоу-емисии се нашите ТВ-бисери кои луѓето ги сакаат и со кои убаво се забавуваат, објасни Жика Јакшиќ.