Иран силно инсистира на своето право на суверенитет и технолошки развој, во услови на растечки притисок и закани од САД. Само неколку часа пред почетокот на разговорите, Техеран јавно објави за распоредувањето на напредната балистичка ракета „корамшахр-4“ во новата ракетна база на ИРГК, потег што имаше јасна политичко-воена порака. Речиси истовремено, Централната команда на САД потврди дека носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ спроведува воени вежби во регионот, предупредувајќи за можноста од повторување на инцидентите со ирански беспилотни летала што претходно се приближувале до американските сили
Во главниот град на Оман, Мускат, денеска почнаа преговори меѓу Иран и САД, во време кога е Блискиот Исток на работ на регионална војна. Двете страни се договорија оваа рунда преговори да биде фокусирана на иранската нуклеарна програма, но, исходот од нив би можел да ја одреди и безбедносната архитектура на регионот, односот меѓу големите сили и границите на употребата на сила во свет што е сè понестабилен и фрагментиран.
Во дипломатските напори се вклучени и други глобални и регионални актери. Катар и Египет активно работат на олеснување на дијалогот, Кина отворено изрази поддршка за иранскиот суверенитет, Франција го повикува Техеран да направи отстапки, додека Русија понуди да помогне во решавањето на прашањето за иранските резерви на збогатен ураниум во случај на постигнување договор. Сето ова покажува дека преговорите во Мускат одат далеку над билатералната рамка и стануваат тест за способноста на меѓународната заедница да спречи нова голема криза на Блискиот Исток, во време кога светот е веќе оптоварен со војни, поделби и слабеење на довербата во дипломатијата. Преговорите за Иран одлучуваат за регионална војна на Блискиот Исток, а бидејќи Русија и Кина имаат свои големи интереси таму, заедно со Америка, може да се каже дека во најлош случај, во Оман се одлучува да се спречи избувнување трета светска војна.
Иран силно инсистира на своето право на суверенитет и технолошки развој, во услови на растечки притисок и закани од САД. Само неколку часа пред почетокот на разговорите, Техеран јавно објави за распоредувањето на напредната балистичка ракета „корамшахр-4“ во новата ракетна база на ИРГК, потег што имаше јасна политичко-воена порака. Речиси истовремено, Централната команда на САД потврди дека носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ спроведува воени вежби во регионот, предупредувајќи за можноста од повторување на инцидентите со ирански беспилотни летала што претходно се приближувале до американските сили, пренесе „Вечерњи лист“.
Иранската новинска агенција „Фарс“ ја опиша „корамшахр-4“ како една од најнапредните балистички ракети во арсеналот на Иран. Станува збор за ракета со дострел до 2.000 километри, со боева глава тешка 1.500 килограми, способна да достигне брзина од 16 маха надвор од атмосферата и 8 маха во неа. Пораката е јасна: Иран сака да покаже дека преговара од позиција на сила и дека евентуалниот воен притисок нема да остане без одговор.
Пред седнувањето на преговарачката маса, иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, јасно порача дека Техеран ќе преговара со добра волја, но нема да се откаже од своите права. Иранските претставници остануваат непоколебливи дека ракетниот арсенал и збогатувањето на ураниумот се црвената линија. Портпаролот на Комитетот за национална безбедност на иранскиот Парламент, Ебрахим Резаи, изјави дека секое барање за целосно запирање на збогатувањето би значело автоматски неуспех на преговорите. Во исто време, Белата куќа, преку својата портпаролка, изјави дека претседателот Трамп има „многу опции, освен дипломатијата“, потсетувајќи го Техеран дека САД имаат најмоќна армија во светот.
Во пресрет на преговорите, изутринава како што објави „Ал Џезира“, американската амбасада во Техеран ги повикала Американците во Иран или да одат на „безбедна локација“.












