Три трговски центри во Загреб се евакуирани утрово, откако полицијата добила дојава дека е поставена бомба во „Arena Centar“, „Avenue Mall Zagreb“ и „City Center one East“.
Полицијата врши проверки на сите локации.
„Утрово на е-поштата на неколку редакции на весници пристигна заканувачко писмо. Во него се наведува дека експлозивни направи се поставени во три трговски центри во Загреб: Арена Центар, Авенју Мол и Сити Центар Исток. Во тек е евакуација. „Имаме дојава за можна поставена експлозивна направа“, соопшти загрепската полиција.




![[Интервју] Нина Елзесер: Наивната искрена љубов кон ликовите во минатото ме направи она што сум денеска](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/10/dsc_3380-450x300.jpg)







