Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека денеска од 15:00 часот и утре од 13:30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба.
Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации.
Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство на полициски службеници и возила, а ќе се слушаат и звуци на користење на огнено оружје.




![[Интервју] Нина Елзесер: Наивната искрена љубов кон ликовите во минатото ме направи она што сум денеска](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2026/10/dsc_3380-450x300.jpg)







