Поранешниот државен правобранител и адвокат Фехми Стафа е однесен во затворот Шутка по спогодбата со јавниот обвинител за Примање награда за противзаконито влијание.Треба да одлежи година и три месеци за барањето поткуп од својот клиент Љупчо Пецов викан Ѓаволот.
”Судот ја разгледа предлог спогодбата и утврди дека се исполнети Законксите одредби од ЗКП, па заради тоа ја верификување спогодбата.Имајќи предвид дека странките немаат право на жалба, одлуката станува правосилна веднаш и осудениот уште во текот на вчерашниот ден е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје – Скопје за издржување на изречената казна, велат од Кривичниот суд.
Стафа според обвинението барал пари за судија од скопска апелација да влијае на одлука за домашен притвор.Од полицијата беше фатен со 50 илјади евра, а барал многу повеќе. Во меѓувреме , обвинителството го осомничи судијата Ѓоко Ристов од скопска апелација за непријавување имот бидејќи во ѕидот во куќата на родителите беа пронајдени соѕидани илјадници евра. Од ОЈО велат дека таа истрага против судијата уште трае. (П.А)












