Во последното деноноќие во гостиварската болница биле примени 22 жители со симптоми на затруеност изјави за весникот Вечер директорот на болницата Емри Бајрами.
„ Пациентите се симптоми на повраќање и дијареа, некои со температура, истретирани во дневна болница со инфузија, засега нема хоспитализиран случај“, вели Бајрами
Директорот на болницата каде последниве денови има наплив од затруени жители, над 1200, вели дека се екипирани и утре ќе разговара со министерството за здравство за евентуална помош доколку бројот на пациенти со стомачни тегоби се зголемува.
Од ИЈЗ резултатите од испитувањето на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар ги најавија за утре. Предупредуваат водата да не се користи за никаква употреба. (П.А.)












