недела, јули 19, 2026
Дома СВЕТ Иран уби американски војници во Јордан – САД покренаа одмазднички напади/ВИДЕО

Иран уби американски војници во Јордан – САД покренаа одмазднички напади/ВИДЕО

1899
EPA/AARON SCHWARTZ / POOL

САД извршија нови воздушни напади врз цели во Иран по иранскиот напад во Јордан, во кој загинаа двајца американски војници, а еден се води како исчезнат. Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека нападите биле извршени по наредба на претседателот Доналд Трамп.

Според американската војска, целта на операцијата била да се ослабат воените капацитети на Иран и да се одговори на нападот во кој животот го загубија американските војници. Иранската новинска агенција „Мер“ (Mehr) објави дека САД извршиле напад врз област во близина на градот Сирик во јужен Иран, иако засега нема потврдени извештаи за жртви или за значителна материјална штета.

Тензиите меѓу САД и Иран дополнително ескалираа по пропаѓањето на договорот за привремено прекин на огнот. Од почетокот на конфликтот, загинаа 16 американски војници, а повеќе од 420 беа ранети.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, изјави дека Вашингтон ќе плати цена за она што го опиша како обид за дополнителна ескалација на конфликтот, заканувајќи се со „незаборавни лекции“ за САД и нивните сојузници.

Истовремено, Иран продолжи со нападите врз цели на САД и нивните сојузници во регионот. Според иранските тврдења, погодени биле воени објекти во Кувајт, Бахреин и Јордан, вклучувајќи логистички центри, радарски системи и бази каде што се распоредени американски сили. Иранските државни медиуми исто така тврдат дека за време на нападите биле уништени два американски борбени авиони, иако оваа информација сè уште не е независно потврдена.

Конфликтот во кој се вклучени САД, Израел и Иран продолжува да ги зголемува тензиите на Блискиот Исток, предизвикувајќи загриженост за можно проширување на војната и за последиците по глобалните пазари на енергенси.

ИЗДВОЕНИ