вторник, септември 1, 2026
Дома СВЕТ Во писмо до Каја Калас 11 членки на ЕУ бараат укинување на...

Во писмо до Каја Калас 11 членки на ЕУ бараат укинување на ветото во надворешната политика

1

Единаесет земји на Европската Унија: Австрија, Данска, Белгија, Финска, Франција, Германија, Луксембург, Холандија, Романија, Шпанија и Шведска се залагаат за истражување на идејата за премин од едногласност кон квалификувано мнозинство во надворешната политика.

Групата од 11 земји ги здружи силите за да побара крај на „опструктивните“ вета што го парализираа надворешното дејствување на блокот во последниве години, тврдејќи дека принципот на искрена соработка мора да има предност.

– Културата на консензус на Унијата е важен извор на нејзината легитимност. Затоа ние продолжуваме да се стремиме кон консензус секогаш кога е можно – велат земјите во писмото упатено до високата претставничка Каја Калас, во кое имал увид „Еуроњуз“.

Од 11. потписници, Германија, најголемата земја членка, ги предводи повиците за реформирање на надворешната политика на блокот.

ИЗДВОЕНИ