понеделник, јули 13, 2026
Дома СКОПСКА  Во мај и јуни изречени триесетина казни за неправилно фрлање отпад 

 Во мај и јуни изречени триесетина казни за неправилно фрлање отпад 

27

Инспекциските служби од Општина Карпош презеле акција за спроведување двосменско дежурство, во насока на превентивна контрола при фрлањето кабаст и несоодветен отпад во контејнерите на ЈП „Комунална хигиена“. Притоа, во мај и јуни биле изречени околу 30 казни за граѓаните што не се придржувале кон пропишаните правила.

– Со присуството на инспекциските служби на терен низ Општина Карпош, се овозможи навремено постапување, а во случаите во кои беше забележано неправилно постапување со одложениот отпад, на правните, односно на физичките лица им беа изречени прекршочни мерки. Самата постапка зборува за позитивниот ефект и за придонесот кон подобрување на фактичката состојбата со регуларното фрлање отпад – соопштија од Општина Карпош.

Во текот на акцијата, дежурните инспекциски служби, кои работеле во две смени, вршеле контроли на повеќе критични локации во Општината, кои во оваа ситуација ги следеле активностите поврзани со фрлањето на кабастиот отпад, како и постапките за почитување на законските надлежности.

Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи со ваквите активности, кои директно се насочени кон зачувување на животната средина и унапредување на јавната хигиена во интерес на сите граѓани.

Од локалната самоуправа велат дека оваа иницијатива произлегла од координативниот состанок што претходно го организирале Град Скопје и општините во радот Скопје, каде што било договорено да се организираат вакви дежурства.

 

ИЗДВОЕНИ