Во Хрватска годинава работат 6.849 македонски државјани, покажуваат податоците за издадените дозволи за престој и работа на странци.
Македонските работници се меѓу илјадниците странски државјани што добиваат можност во последниов период за вработување на хрватскиот пазар на трудот.
Во првите пет месеци од 2026 година, хрватските власти издале вкупно 80.780 дозволи за престој и работа за граѓани од трети земји. Најголем број од нив се од Босна и Херцеговина, Србија, Филипини и од Непал, а има и значителен број од Индија, Узбекистан и од Косово.
Странските работници најчесто се ангажирани во секторите каде што има Хрватска најголем недостиг на работна сила: туризмот, угостителството и градежништвото. Дел од нив работат и во индустријата, транспортот, логистиката и во трговијата.
Од Хрватската стопанска комора посочуваат дека интересот на странските работници за вработување во Хрватска е поврзан, пред сè, со повисоките плати, подобрите услови за работа и со поголемата побарувачка за работна сила.
Трендот на зголемено ангажирање странски работници продолжува и оваа година, бидејќи хрватските компании сè почесто се соочуваат со недостиг на домашни работници, особено во сезонските дејности.












