Протестите во Тирана – поттикнати од барањата за подобри услови во образованието – денеска прераснаа во насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата. За време на немирите беа нападнати државни институции и приватни имоти, беа запалени возила и предизвикани пожари; според податоците на албанската полиција, повредени се 14 полицајци, а приведени се 35 лица.
Демонстрантите ги нападнаа зградите на Министерството за економија, Министерството за правда, Парламентот и седиштето на владата, како и разни приватни имоти, пренесува „Танјуг“.
Тие фрлаа камења, молотови коктели и пиротехнички средства кон полицијата, додека безбедносните сили возвратија со солзавец и водени топови во обид да ја растераат толпата, објави „Еуроњуз Албанија“.












