среда, октомври 14, 2026
Дома КУЛТУРА Музејот Лувр „принуден“ да ги затвори вратите за јавноста – потребна е...

Музејот Лувр „принуден“ да ги затвори вратите за јавноста – потребна е голема реконструкција

24
Фото:википедија

Музејот Лувр би можел да биде принуден да се затвори доколку не се спроведе голема реконструкција, предупреди денес директорот на музејот, Кристоф Лерибо.

Една година откако од Лувр беа украдени кралски скапоцености во вредност од 88 милиони евра – предмети што сè уште не се пронајдени – Лерибо изјави дека поради цевки што протекуваат и галерии што се уриваат, поправките поврзани само со безбедноста нема да го спасат музејот, кој е симбол на Париз и на Франција, пренесува „Еуроњуз“.

Тој предупреди дека Лувр би можел да ги затвори вратите за јавноста доколку следната француска влада не ја поддржи сеопфатната трансформација на институцијата.

Лерибо рече дека музејот ќе бара приватни средства за работите, но дека ќе биде потребно одобрување на значителна сума јавни средства по изборите во Франција следната година. „Кој и да ја формира следната влада, мора да има предвид дека Лувр – доколку не се реновира, модернизира и трансформира – многу брзо ќе заостане и на крајот ќе биде принуден да ги затвори вратите за јавноста. Тоа би било катастрофа“, рече Лерибо.

Низа малцински влади со години се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на годишните буџети, а актуелниот премиер Себастиен Лекорну се обидува да ги ограничи јавните расходи за да го намали огромниот дефицит на Франција.

Утрото на 19 октомври 2025 година, четворица крадци искористиле хидраулична платформа монтирана на камион за да упаднат во Галеријата на Аполон и, среде бел ден, да украдат осум предмети од францускиот кралски накит, чија вредност се проценува на 88 милиони евра.

Истрагата на Сенатот подоцна утврдила дека само една од двете камери што го покривале местото на упадот била во функција, а украдените скапоцености до денес не се пронајдени, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ