Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, јавно го критикуваше однесувањето на репрезентацијата по елиминацијата од Светското првенство, откривајќи дека само еден фудбалер се вратил дома со официјалниот авион на националниот тим.

Според Лула, единствениот репрезентативец што патувал назад со експедицијата бил Данило, додека сите други заминале на други дестинации поради приватни обврски.

Претседателот изјави дека поради тоа, му испратил порака на селекторот Карло Анчелоти, барајќи објаснување за ваквата ситуација.

  • Репрезентацијата замина со многу луѓе, а се врати речиси празна. Само еден играч беше во авионот. Да го освоевме Светското првенство, сите ќе беа таму за да слават – изјави Лула.

Бразил повторно не ги оправда очекувањата на своите навивачи. Петкратниот светски шампион беше елиминиран уште во осминафиналето, откако загуби од Норвешка со 2:0.

Претходно, со многу мака ја совлада Јапонија, благодарение на погодокот постигнат длабоко во судиското продолжение, но не успеа да го продолжи походот кон титулата.

ИЗДВОЕНИ