Од 9 до 11 октомври, во рамките на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2026“, за првпат традиционалната велешка пита, пастрмајлија ќе биде ставена на вистински гастрономски тест пред интернационално жири составено од дури 15 познати шефови, меѓу кои се и Стево Карапанџа, Уве Мишел, Драгица Лукин, Изток Легат, Дон Давид, Доменико Маџи, Томаж Возељ, Ѓорѓе Костиќ, Георге Дамјаноу, Вуко Митровиќ, Емрах Коксел, и уште бројни познати имиња од светот на гастрономијата.

На 11 октомври од 12 часот, пред главната бина, ќе се бара одговорот на едно многу важно прашање „Која е најдобрата велешка пита?“. Велешани велат дека кога една пита ќе помине низ велешка фурна, останува да се најде јунак што ќе има храброст да каже дека не е вкусна.

Но „Питијада 2026″ нема да биде само јадење и уживање. Во соработка со „Гастро Мак“, познатите шефови ќе пристигнат во Велес за на едно место да се спојат велешката традиција и светската гастрономија. Предвидени се предавања и мастер-класови за учениците во ССОУ „Коле Неделковски“, со што велешките идни готвачи ќе имаат можност директно да учат од искусни гастрономски професионалци. Тука е и „Дипломатското котле” во етно кампот Езеро Младост, за кое ќе се погрижи шеф Љупчо Гиевски, неговите помошници и учениците од Велес.

ИЗДВОЕНИ