четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Веќе три месеци се мери задоволството на граѓаните од услугите на административците

Веќе три месеци се мери задоволството на граѓаните од услугите на административците

69

Веќе три месеци се мери задоволството на граѓаните од работата на администрацијата, а резултатите ќе бидат соопштени наскоро, на седницата на Економско-социјалниот совет, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање врзано за новото законско решение за соодветна и правична застапеност, тој рече дека целта било да се подобри работењето на јавната администрација.

– Очекуваме да добиеме квалитет од администрацијата. Свесен сум дека не се решава тоа со едно законско решение и дека е потребна совест и да се работи на менталитетот. Но, по историските договори со синдикатите, им поставив прашање дали се согласуваат да го мериме задоволството на граѓаните од администрацијата. Со новиот закон, мислам дека ќе се надминат сите стереотипи од минатото и антиуставни елементи – нагласи премиерот во текот на посетата на скопската општина Шуто Оризари. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ