Времето во Македонија во наредните денови ќе биде значително посвежо и ветровито време.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на променливо облачно и претежно стабилно време.
Денеска и утре ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено силен северен ветер (над 60 km/h).
Од утре до недела утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени и ќе има појава на утрински мразеви. До петок ќе дува северен, а од сабота попладне ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.













