Од Министерството за култура и туризам информираат дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала е успешно заокружена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда.

– Со ова се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните работи. Со решението дефинитивно се потврдува одлуката за избор на најповолна понуда од 23 март годинава и е избран конечен изведувач на проектот, кој се реализира по принципот „клуч на рака“ – велат од Министерството за култура и туризам. Реконструкцијата треба да заврши до декември 2027

 

Долгоочекуваните реконструкција и модернизација на Универзална сала, еден од најзначајните културни симболи на Скопје и на Македонија, конечно, започнаа да се реализираат по долги години чекање и административни пречки. Ова вчера и официјално го објави Министерството за култура и туризам, од каде што информираат дека постапката за избор на изведувач за Универзална сала е успешно заокружена откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда.

– Со ова се отстранува и последната правна пречка за почеток на градежните работи. Со решението дефинитивно се потврдува одлуката за избор на најповолна понуда од 23 март годинава и е избран конечен изведувач на проектот, кој се реализира по принципот „клуч на рака“ – велат од Министерството за култура и туризам.

Реконструкцијата на Универзалната сала, според договорот, треба да заврши до декември 2027 година.

– Ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носењето на престижната титула европска престолнина на културата 2028. Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и на големи културни настани. Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, инвестиција во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации. Министерството останува целосно посветено на транспарентно, законито и брзо реализирање на сите капитални проекти, кои го зајакнуваат културниот идентитет на земјава – додаваат од ресорното Министерство.

Новата Универзална сала ќе ја задржи постојната форма, но ќе биде целосно модернизирана со капацитет од 1.200 седишта, современа акустика и нови технолошки системи. Според тендерот, со цел да се подобри структурната стабилност на објектот и да се зголеми неговата енергетска ефикасност, планирано е да се изработи нова челична конструкција со нови темели за новите столбови, нова челична конструкција за куполата и нова фасадна облога. Исто така, предвидено е и покривање на куполата со нови енергетско-ефикасни материјали, како и проверка на јакоста на постојната бетонска и на употребливите елементи од постојната челична конструкција.

Инаку, Универзална е симбол на Скопје, со над 5.000 настани и над 5.800.000 посетители досега.

Објектот беше значително оштетен во пожарот што избувна на 9 април 2024 година, само по еден месец откако, по пауза од две години, продолжија градежните работи за негова реконструкција. Од пожарот беше зафатена старата конструкција. Веднаш по пожарот, од градежната фирма посочија дека, најверојатно, се запалил стар кабел или некоја стара инсталација.

Претходно беше затворен за посетителите девет години, поточно откако во 2015 година се откорна парче од таванот и падна врз седиштата. Оттогаш, неколку пати започнуваше и беше прекинувана реконструкцијата.

ИЗДВОЕНИ