понеделник, август 24, 2026
Дома БАЛКАН Важно известување за оние кои патуваат во Грција!

Важно известување за оние кои патуваат во Грција!

103

Солунската обиколница во понеделник, 24 август, ќе биде делумно затворена за сообраќај во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот утрото наредниот ден, објавува групата Грција инфо на Фејсбук.

Затворањето на овој патен правец директно ги засега возачите што патуваат од правецот на Македонија и граничниот премин Евзони кон Халкидики.

За време на изведувањето на градежните активности, сообраќајот во спротивниот правец (од Халкидики кон Евзони) ќе се одвива непречено и патот ќе остане отворен. Сите возила што се движат кон Халкидики ќе бидат соодветно пренасочувани низ градските улици во Солун.

На сите што планираат патување во овој временски интервал им се препорачува дополнителна претпазливост и навремено прилагодување на рутата.

ИЗДВОЕНИ