Скорпија скриена во јакна каснала 52-годишна патничка на аеродромот во Диселдорф, соопштија пожарникарите. Инцидентот се случил во петок, а жената пристигнала во Диселдорф од грчкиот остров Кос.
Жената била хоспитализирана со возило на брза помош и била однесена во болница на лекување. Повикан е и експерт за влекачи од противпожарната служба на Диселдорф, кој ја фатил скорпијата.
Вештакот утврдил дека станува збор за палестинска жолта скорпија. Таа е една од најотровните скорпии во светот, а нејзиниот убод може да биде фатален, особено за децата.
Овој вид е широко распространет во Северна Африка, Турција и Арапскиот Полуостров.
Нема попрецизни информации за здравствената состојба на 52-годишната жена. За време на транспортот до болницата, таа се пожалила на болка на местото на убодот, но била свесна и можела да зборува, пишува „Ди Цајт“.
Во консултација со центарот за контрола на труења, експерт за влекачи и лекар од итната помош, пациентката била транспортирана во Универзитетската болница во Диселдорф. Скорпијата била префрлена во зоолошката градина за влекачи.












