Хасиел Риверо пронајде нов ангажман откако се раздели со Црвена звезда, но засега само на краток период. Кубанскиот центар се врати во Валенсија, клубот во кој претходно остави одличен впечаток. Тој потпиша едномесечен договор со шпанскиот клуб откако првично пристигна само за да тренира со екипата. Сепак, по неколку тренинзи, Валенсија одлучи да му даде шанса и на натпреварите.

Искусниот кошаркар не успеа целосно да го покаже својот квалитет во дресот на Црвена звезда. Главна причина беше повредата што ја заработи на почетокот од сезоната, поради која подолг период беше надвор од терените.

Сега ќе се обиде да ја врати старата форма и да се наметне во составот на Валенсија. Доколку остави добар впечаток во следниот месец, не е исклучена можноста соработката да биде продолжена.

За него, ова е нова шанса да покаже дека сè уште може да биде важен фактор на европската кошаркарска сцена.

 

ИЗДВОЕНИ