Деонтеј Вајлдер извојува голема победа над Дерек Чисора во спектакуларната пресметка во О2 Арена, по 12 исцрпувачки рунди и поделена судиска одлука. Двајца судии му ја доделија победата на Вајлдер, додека еден беше на страната на Чисора, што само ја потврдува неизвесноста на борбата.
Мечот понуди вистинска „стара школа“ – без калкулации, со отворена размена на удари и огромна доза на храброст од двете страни. Вајлдер стигна до својата 45-та професионална победа, покажувајќи дека и понатаму е фактор во тешката категорија.
Од друга страна, Чисора го запиша 14-тиот пораз во својата кариера, но ја напушти сцената со високо крената глава. Ова беше негов последен настап, а публиката го испрати со овации за борбеноста и срцето што го покажа во рингот.
Љубителите на боксот ја опишаа борбата како „тотална војна“ и „апсолутен хаос“, што најдобро ја доловува атмосферата и интензитетот на оваа незаборавна вечер.











