четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ СЗО: Нападите врз нуклеарните постројки на Иран би можеле да предизвикаат катастрофа...

СЗО: Нападите врз нуклеарните постројки на Иран би можеле да предизвикаат катастрофа што ќе уништува генерации

66
EPA/MARTIAL TREZZINI

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денес изрази загриженост во врска со нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки во Иран по нападот во близина на нуклеарната централа Бушер.

Гебрејесус предупреди на платформата X дека ваквите напади би можеле да предизвикаат нуклеарна катастрофа со здравствени последици што би „уништиле генерации“.

„Со секој ден што овој конфликт ескалира, влоговите и заканите стануваат сè поголеми“, рече Тедрос.

ИЗДВОЕНИ