вторник, март 3, 2026
Дома СКОПСКА В четврток во Скопје ќе дојде патувачката изложба за балканскиот рис  

В четврток во Скопје ќе дојде патувачката изложба за балканскиот рис  

32

В четврток пред скопјани ќе биде прикажана патувачката изложба за балканскиот рис, која по седум посетени места во Македонија, првпат ќе дојде во главниот град. Изложбата ќе биде отворена во „Лабораториум“, со почеток во 19:00 часот.

Од Македонското еколошко друштво информираат дека изложбата се организира во рамките на регионалната програма за закрепнување на балканскиот рис, со желба, како што велат, да ги доближат убавината и реткоста на балканскиот рис, но и да доловат како изгледа нивната теренска работа.

– Избраните дваесетина фотографии се дел од најефектните „уловени“ кадри, од кои повеќето се направени со фотозамки, метод што го користиме веќе 18 години. Преку нив ќе може да видите како изгледа „домот“ на балканскиот рис, до каде се протега, зошто е загрозен, која е нашата прва фотографија од него. А ако дојдете на отворањето, ќе слушнете интересни факти за рисот и ќе имате можност директно да прашате за што било поврзано со теренското искуство – соопштија од МЕД.

Изложбата е наменета буквално за сите возрасти.

Влезот е слободен, а во Скопје ќе биде отворена цел месец, сè до 5 април.

 

 

ИЗДВОЕНИ