четврток, август 27, 2026
Дома СВЕТ Ужас во Франција: Со автомобил намерно газел пешаци – еден загина, седум...

Ужас во Франција: Со автомобил намерно газел пешаци – еден загина, седум лица во критична состојба

0

Инцидентот, кој се случил синоќа околу 22:15 часот по локално време во градот Каен,во Франција, не бил поврзан со терористички мотив, според заменик-обвинителот.

Седум лица се тешко повредени во инцидентот и се во критична состојба, додека тројца други се здобиле со полесни повреди, изјави локалниот префект Давид Клавиер. Според полициски извор, до ударот веројатно дошла по тепачка. Клавиер рече дека автомобилот „намерно удрил пешаци на улицата спроти железничката станица“.

Осомничениот, 26-годишен маж роден во Русија, не им бил познат на разузнавачките служби, но бил познат на полицијата „само по сообраќајни прекршоци“, рече Клавиер.

Тој избегал од местото на настанот по инцидентот, но подоцна бил уапсен во Уистрем, оддалечен околу 20 километри.

Сите жртви се чини дека се мажи на возраст меѓу 17 и 40 години, изјави за АФП Бруно Кутансо, висок безбедносен службеник во Каен.

Полицијата отвори истрага под сомнение за убиство и сериозно кривично дело насилство, изјави заменик-обвинителот.

„Во моментов не зборуваме за терористички мотив, но истрагата штотуку започна“, рече тој, одбивајќи да даде детали за идентитетот на починатиот маж.

ИЗДВОЕНИ