четврток, август 27, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Одговорноста за парталави и неупотребливи учебници е кај училиштатата

Одговорноста за парталави и неупотребливи учебници е кај училиштатата

0

На училиштата е одговорноста доколку некои ученици добијат парталави и неупотребливи учебници за претстојна учебна година бидејќи тие требало на време да побараат нивна замена. Ова на неодамнешната прес-конференција го кажа министерката за образование Весна Јаневска која изрази надеж дека сега бројот на поплаките ќе биде значително намален. Во изминативе години, непосредно на почетокот на учебните години, чести беа поплаките на ученицит еи на нивните родители дека добиле искинати и учебници кои не можат да се користат за учење.

-Не можам да кажам дека и сега на социјални мрежи нема да има фотографии со искинати учебници. За жал, верувам дека ќе има. Но, искрено верувам дека тоа ќе биде сведено на минимум. Затоа што три обуки оддржавме онлајн, и по нив се зголеми бројот на учебниците кои училиштатата ги побаруваат. Односно, видовме една поголема сериозност кај голем број на училишта. Но, не можам да тврдам дека баш ниту едно училиште во Македонија не направило пропуст. Секоја година имаше пропусти но овие три години гледам дека тие пропусти се намалуваат. Се надевам дека тоа ќе биде инцидентно – изјави Јаневска.

Таа потсети дека долго време беше отворен електронскиот систем за пријавување на оштетени учебници.

-Сите училишта  што побарале ќе добијат до учебник тоа што побарале. Тие што не побарале е нивна одговорност и Министерството во иднина нема да презема никаква туѓа одговорност затоа што три години спроведуваме систем кој е стабилен и кој обезбедува стабилна набавка на учебник. Се надевам дека тоа ќе биде сведено на минимум – потенцира министерката.

Според правилото, учебниците се менуваат на секои пет години при што директорите на училиштата се должни да ги евидентираат оштетените учебници, да ги наплатат од родителит еи да порачат нови. (Б.Ѓ.)

 

ИЗДВОЕНИ