Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.
За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Македонија останува под влијание на екстремно топлиот бран кој од југ, односно од Африка, кој условува да имаме екстремно високи температури на воздухот преку ден, како и појава на тропски ноќи во повеќето градови во Македонија, прогнозира Метео аларм.
Дополнително, во петок и во текот на викендот кој е продолжен, односно на 28, 29 и 30 август, над Македонија се очекува присуство на сахарска прашина и песок.
Поради ова, атмосферата може да биде значително заматена и нечиста, а чувството на топлина да биде уште поизразено.












