четврток, октомври 22, 2026
Дома СКОПСКА Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

1

Утре, со почеток во 08:00 часот, во организација на Атлетски клуб ќе се одржи атлетска трка по повод Денот на Македонската борба, со траса на движење од парк „Жена Борец“ на улица „11. Октомври“, право по плоштадот „Македонија“, право преку Камениот мост, лево по улицата „Иљо Војвода“, лево по тротоарот на мостот „Гоце Делчев“, лево по кејот на реката Вардар до обележаното место и назад по истата патека се до целта пред споменикот на Основачи на ВМРО во паркот „Жена Борец“ во Скопје.

Од тие причини Единицата за безбедност  на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

 

ИЗДВОЕНИ