сабота, септември 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка пет месеци по изборот од...

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднесе оставка пет месеци по изборот од лични причини

603

Уставниот судија Гоце Наумовски поднел оставка на судиската функција која е веќе доставена до македонското Собрание. Неофицијално се дознава дека оставката е поднесена од „лични причини“. Гоце Наумовски беше избран за уставен судија  во февруари годинава , по предлог на Наумовски доаѓа на предлог на Комисијата за избори и именување.

Тој дојде на местото на претходната уставна судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која си поднесе оставка лани во декември. При гласањето, Наумовски доби 63 гласа „за“ од парламентарното мнозинство и седум „против“.

Од Уставниот суд денеска соопштија дека до Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка.

‘-Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши – изјавија во Судот.

Наумовски е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ , пред изборот беше советник на премиерот и е брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски.  На Правниот факултет „Јустинијан Први“ се запишал во учебната 1995/96, со особен интерес за римско право, граѓанско право и правото на интелектуална сопственост. Докторската дисертација „Договорот за депозит во римското и во современото право“ ја одбранил на 18.5.2007 и се стекнал со научен назив „доктор по правни науки“ Избран за доцент 26.9.2007, вонреден професор 31.5.2012, редовен професор 31.01.2017. На 19.09.2018 година на Универзитетот во Стразбур ја одбранил втората докторска дисертација „Релации меѓу квалитетот на трговските марки и когнитивните и конативните варијабли на потрошувачите“, стекнувајќи научен назив доктор на правни науки во областа на приватното право – право на интелектуална сопственост.

Со Наумовски, актуелниот состав на Уставниот суд досега имаше осум члена, од предвидените девет. Во февруари годинава Судскиот совет објави оглас за уставен судија за празносто место на Елизабета Дуковска чиј избор во мај лани го поништи Управниот суд. Потоа, следниот месец, за уставен судија ја предложи Мери Дика Георгиевска, но нејзиниот избор во Собранието се уште не е случен. (Б.Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ