Во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, на 27, 28 и 29 август 2026 година, торжествено ќе се прослави манастирската слава – празникот Успение на Пресвета Богородица (28 август) и споменот на преподобниот Јоаким Осоговски (29 август), пустиножител и чудотворец од XI век.
Манастирот е основан во XII век, а неговата историја е поврзана со подвигот на свети Јоаким и со почитувањето на неговите свети мошти. Според неговото житие, моштите на светителот биле пронајдени по откровение и свечено пренесени во манастирскиот храм. Во истиот храм почиваат и моштите на свети Јоаким Крчовски (XIX в.), свештенослужител, просветител и игумен на Осоговскиот манастир.
Така, древното осоговско светилиште и денес останува место на благочестиво поклонение и духовна утеха и исцеленија, каде што верниот народ се собира на молитва и го прославува Бога и Неговите светители.












